Се бара правда за случајот „Јавна соба“, платформата за родова еднаквост со барање до Јовески и Колевски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Помина една година од првиот скандал со Јавна соба, но овој случај кој се повтори, повторно остана во сенка. Платформата за родова еднаквост упати барања до ЈО и Советот на јавни обвинители за конечно решение.

Платформата бара од Обвинителството и Советот да дадат веднаш конкретни резултати за нивните барања до 8 март.

Од платформата побараа од јавниот обвинител, Љубомир Јовески и претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски, кривично да ги гонат авторите на “Јавна соба“. Тие бараат обвинетите да бидат гонети за “злоупотреба на личните податоци“, “посредување во проституција“, “загрозување на безбедноста“ или “ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем“.

Овие барања и реакции следат по активирањето на групата “Јавна соба“ на почетокот на оваа година на платформата Телеграм, со 6 илјади и 500 членови, која подели над 10 илјади фотографии и видеа со експлицитна содржина на малолетни девојчиња и жени.