Да не се бара анти-ковид сертификат за влез во Северна Македонија. Ова е новата мерка која Комисијата за заразни болести ја предложи денеска во рамките на олабавувањето на рестриктивните мерки.
Но, постепеното укинување на рестриктивните мерки не значи и крај на пандемијата. Портпаролот на КЗБ, Злате Мехмедовиќ, уверува дека состојбата е постојано под надзор. Додава дека доколку дојде до зголемување на бројот на новозаразени постои можност да се вратат рестриктивните мерки.
Истото го кажа и министерот за здравство. Според него, сѐ уште не може да се каже дека вирусот веќе го нема.
Меѓу рестриктивните мерки кои сѐ уште се на сила е задолжителното носење маски во јавниот превоз, во аптеките, Домовите за стари лица, болниците, а исто така и за влез во затворени угостителски објекти мора да поседувате сертификат за вакцинација.