ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ ги продолжуваат преговорите за конечниот договор за влада, а за ресорите веќе е разјаснето кој со кое министерство ќе раководи.
Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ во интервју за ТВ Сител потврди дека парламентарното мнозинство ќе брои над 70 пратеници, но постои можност да достигне и до 80. Тој вели дека е при крај договорот со ВРЕДИ и наскоро ќе биде објавен.
Во меѓувреме Арбен Таравари од коалицијата ВРЕДИ соопшти дека договорот ќе биде објавен наскоро а ги кажа и ресорите со кои ќе раководи неговата партија, Алијанса за Албанците.
Заедно со горенаведените ресори од страната на Таравар, се очекува ВРЕДИ да добие три вицепремиери, четири министерства и пет зм. министри. Демократското движење се очекува да ја добие функцијата прв вицепремиер, Министерството за екологија, Зам.министер за внатрешни работи и Зам.министер за транспорт. Движењето Беса се очекува да раководи со Министерството за економија, Министерството за социјална политика и Зам.министер за култура. Во меѓувреме, Алтернативата се очекува да ја земе функцијата на вицепремиерот за евроинтеграции како и еден од пратениците на оваа партија да раководи со Собранието. Досега најмногу се шпекулира дека тоа ќе биде претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.
