Растот на бројот на заразени со коронавирус, ги натераа властите на германскиот главен град Берлин да превземат мерки. Од сабота ноќните клубови, кафулињата и рестораните нема да работат од 23 часот до 06 часот наутро, пренесува „Јутарњи“.
Од почетокот на пандемијата, Берлин бележи најмногу новозаразени. Во последните седум дена Берлин има 44,2 заразени на 100.000 жители.
Затворањето ќе го „згасне“ ноќниот живот во овој град. Но, со оглед дека најголема стапка на зараза е забележана во квартовите каде што има активен ноќен живот, властите се приморани на ваков чекор.
Сопствениците на угостителските објекти, пак, сметаат дека новите мерки ќе бидат контрапродуктивни со оглед дека луѓето ќе продолжат да се забавуваат во своите домови.
„Куќните прослави се поопасни од оние во кафулињата. Ако ништо друго, ние тука ги потсетуваме да стават маска“, вели Карстен Золтан, сопственик на кафуле.
За потсетување дека кафичите и баровите во Брисел ќе бидат затворени на еден месец, иако и таму како главен проблем се истакнуваат куќните прослави.
