Се гласа во општина Липково – настанаа проблеми со биометриското гласање

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

И општина Липково гласа за градоначалник и советници. Жителите кои излегоа на гласање во првите часови од отворањето на кутиите, беа малку на број, но Изборната комисија очекува поголема излезност во попладневните часови.

Како и во многу општини, па така и во Липково настана проблем со биометриската идентификација на гласачите.

„Кога гласав првиот пат не работеше уредот, но потоа проработи“, вели граѓанин.  

Граѓаните кои ја извршија својата граѓанска должност, имаат надеж и волја за промени во нивната општина.

„Очекуваме да биде подобро“, додава граѓанин.

„Очекуваме да биде подобро во иднина. Досега беше само добро“, порача граѓанин.

И претседателот на Избирачкиот одбор на гласачкото место 1111, Енсар Ајети, потврди дека има проблем со уредот за фингерприт.

„Гласачкиот процес почна во 7 часот, но со проблеми. Уредот кој годинава се користи за гласање не беше соодветен, читачот на почеток не работеше, идентификацијата на гласачите беше со низок квалитет. Побаравме помош од општинската комисија, дојде едно надлежно лице, но решението беше само привремено. Повторно имаме проблеми со уредот. Сепак, гласачите продолжуваат да гласаат согласно Изборниот законик, односно со отпечатоци на прсти, со лични карти“, истакна Енсар Ајети.

Општина Липково брои над 26 илјади избирачи.