Се очекува мерката да стапи на сила најкасно задутре – над 100 прехранбени производи ќе се продаваат поевтино

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Над 100 прехранбени производи, вклучувајќи бел ориз, пченкарно брашно, леб, пецива, месни производи, млечни производи, јајца, свежо овошје и зеленчук и некои други производи ќе поевтинуваат за најмалку 10% од цената што ја имаа претходно оваа година.

Производите со намалени цени ќе можат да се разликуваат според ознаката „гранатирана цена“ а се очекува мерката да стапи на сила најкасно задутре.

Според министерот, овие мерки ќе влијаат на намалување на општата инфлација, додека само во прехранбениот сектор до крајот на годината инфлацијата нема да биде повисока од 5%. Инаку, списокот на производи може да се прошири уште повеќе а мерките ќе важат до 30 ноември со можност за нивно продолжување во зависност од ситуацијата.