Се оформи парламентот во Косово, претседателка е Албулена Хаџиу од Самоопределување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во косовскиот главен град Приштина, вечерва се одржа конститутувната седница на Парламентот, на која беа потврдени мандатите на новите пратеници, а се избраа и претседател и потпретседатели на законодавниот дом.

За претседателка на Собранието е избрана Албулена Хаџиу од „Самоопределување“ предводено од Албин Курти, кое освои најголем број мандати. Хаџиу беше избрана со 66 гласа за од 118 присутни. 42 гласаа против.

Во својот говор пред пратениците, чии мандати беа верификувани на почетокот на седницата, новоизбраната претседателка на косовскиот законодавен дом порача дека нејзина главна задача ќе биде да обезбеди парламентот да функционира достоинствено и согласно законите и Уставот.

Претседателката Вјоса Османи го назначи лидерот на Самоопределување Албин Курти за мандатар за формирање на новата влада.