Претседателот на САД, Доналд Трамп ја повтори својата желба да ја анектира соседната земја и сојузничка на САД, токму на денот на парламентарните избори со кој ќе се одреди следниот премиер на Канада.
„Среќно на големиот народ на Канада“, напиша американскиот претседател во порака на својата платформа Truth Social, повикувајќи ги Канаѓаните да „изберат човек кој има сила и мудрост да ги преполови вашите даноци, да ги зајакне вашите воени капацитети, бесплатно, на највисоко ниво во светот, да ги зголеми четирикратно автомобилскиот, челичниот, алуминиумскиот, енергетскиот и сите други сектори, без царини или даноци, ако Канада стане драгоцената 51 држава на Соединетите Американски Држави“.
Канаѓаните денес избираат човек кој ќе се обиде да ја реши кризата со својот американски сојузник и да преговара со Доналд Трамп за различни теми, особено за трговијата.
Претседателот Трамп е присутен во кампањата за денешните предвремени канадски парламентарни избори до таа мера што речиси единственото прашање на изборите е кој, помеѓу либералот Марк Карни и конзервативниот (десничар) Пјер Поилиевре, ќе биде најспособен да се соочи со него.
Ако Канада стане 51 американска држава, повеќе нема да има „вештачка линија“ како граница, нагласи Трамп, додавајќи: „Нема граници. Само позитивни работи без негативни. Така треба да биде!“
