Се огласи Трамп по честитките на Путин: Мислам дека ќе разговарам!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изрази желба да разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

– Мислам дека ќе разговараме, ја коментираше Трамп можноста за разговор со Путин.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин му ја честиташе победата на Трамп на претседателските избори, велејќи дека е подготвен за контакти со него.

Путин додаде дека не смета дека е срам лично да го побара новиот американски лидер и да му честита.

– На Трамп можете да гледате на различни начини, но тој е храбар човек, неговото однесување во моментот на атентатот е доказ за тоа, рече рускиот претседател и додаде дека тоа му оставило силен впечаток.

Тој изјавите на Трамп за Украина ги оцени како „достојни за внимание“.