Се огласи Ватикан: Папата Франциск починал од мозочен удар и срцева слабост!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Папата Франциск почина од мозочен удар и последователна неповратна срцева слабост, соопшти Ватикан во официјалното соопштение.

Во потврдата, објавена од Ватикан, се наведува дека папата паднал во кома пред смртта.

Папата Франциско почина околу 90 минути откако утрово го разбудил будилникот, јавија италијанските медиуми.

Тој наводно се разбудил кога алармот му се вклучил во 6 часот, му се слошило во 7 часот наутро, а починал од мозочен удар во 7:35 часот, пишува „Кориере дела Сера“.

Лекарите претходно објавија дека тој „починал мирно“.

Папата Франциско со години се бореше со хронична белодробна болест, а како млад му беше отстранет дел од едното белодробно крило.