Се огласи Ватикан: Папата се одмора по мирната ноќ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Папата Франциск ноќта ја минал мирно, и сега се одмора, се вели во саботното утринско соопштение од Канцеларијата за печар на Светата столица.

„По мирна ноќ, папата се одмора“, се вели во кратката изјава на Канцеларијата за печат на Светата стоилца.

Во претходното соопштение, објавено во петокот вечерта, беше забележано дека респираторната состојба на папата Франциск се влошила по изолиран бронхоспазам. Папата веднаш започна со неинвазивна механичка вентилација.

Франциск продолжува да се лекува во болницата Гемели во Рим. Тој беше примен на 14. февраури, по инфекција на респираторниот тракт.