Се отвораат моловите и шопинг центрите, но без кафулињата и рестораните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска најави дека од утре ќе може да се отворат шопинг центрите и моловите, секако почитувајќи ги сите мерки како што се честа дезинфекција, држење дистанца и носење на заштитни маски.

Тој дополни дека рестораните и кафулињата остануваат и натаму затворени, односно дека ќе може да обавуваат услуги шалтерски, храна и пијалоци ќе може да се купуваат само за носење.