Откако директорот Горан Ангелов беше разрешен и откако раководството го презема Град Скопје, депонијата „Дрисла“ ги отвори вратите за новинарите.
Во моментот во „Дрисла“ се врши внатрешна ревизија, која ќе утврди дали се запазени сите стандарди и како стои финансиската состојба.
Шилегов ја доби поддршката и од министерот за животна средина, Насер Нуредини. Тој вети дека „Дрисла“ ќе ја претворат во место каде се преработува отпадот согласно сите европски стандарди.
„Јас го поддржувам градоначалникот за креирање добри стандарди и транспарентни политики“, истакна Насер Нуредини.
Но в.д. директорот на „Дрисла“, Коста Начевски, вели дека засега станува збор само за сомнежи.
Од надвор состојбата е иста каква што беше подолго време. Инцелераторот работи, а стерилизаторот сѐ уште е на бетон. Беше ветено дека ќе биде пуштен во употреба во април, со што би се отворил патот за преработка на медицински отпад.
Влезот во „Дрисла“ беше овозможен по двогодишните обиди на Шилегов за преземање раководство со депонијата, откако поранешниот директор Горан Ангелов беше осомничен за увоз на отпад од Италија и Бугарија.
