Со песни и ора, облечени во народни носии, учениците од основното училиште „Исмаил Кемали“ го одбележаа 28 Ноември.
Коридорите на училиштето беа исполнети и со родители кои го следеа тоа што нивните деца го подготвиле. Патриотските песни создадоа емотивна атмосфера, потсетувајќи на долгата борба на народот за слобода и независност.
„Денес го празнуваме Денот на знамето, 28 Ноември, многу сме среќни.“
„Денес го празнуваме 28 Ноември и во училиштето ‘Исмаил Кемали’ подготвивме точки за ора.“
„Денес е 28 Ноември, Денот на знамето на Албанија.“
„Многу сум среќна што ќе го изведеме програмот бидејќи со нетрпение го очекувавме овој ден.“
„Денес ќе изведеме оро заедно на песната која се вика ‘Аманети’.“
„Дали знаете кој ден е денес? Денес е Денот на знамето, 28 Ноември, кога беше подигнат знамето на Албанија.“
„Денес сме собрани да го одбележиме овој ден за нашиот народ, 28 Ноември, денот кога беше прогласена независноста на Албанија, и кога нашето знаме се крена како симбол на интегритет, жртва и непоколеблива волја за слобода.“, вели Изет Меџити.
И во другите училишта низ целата земја беа организирани слични активности за одбележување на Денот на знамето и независноста на Албанија. Освен во свечености во училчишта, имаше и дефиле со коњи во Тетово и Чаир.
