Се предлага намалување на платите на функционерите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во собраниска процедура е доставен пакет законски измени со кои се предвидува намалување на коефициентите за пресметка на платите на избраните и именуваните лица.

Предлогот е поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која најавува дека со овие измени ќе се намалат платите на функционерите за износ од 10 до 13 илјади денари.

Пратеникот Бојан Стојаноски од собраниската говорница денеска соопшти дека измените ќе се носат по скратена постапка, со цел веќе со февруарската плата функционерите да примат помали примања.

– Со предложените решенија се врши интервенција во висината на коефициентите, со што се обезбедува рационално користење на средствата од буџетот, изјави Стојаноски, нагласувајќи дека измените се целосно во согласност со Уставот.