Се преврте автобус во Кенија, загинаа 21 лице

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 21 лице загина откако автобус се преврте во Кенија, соопшти полицијата.

Автобусот патувал од западниот град Какамега до градот Кисуму, каде што се случила несреќата.

Луѓето во автобусот се враќале од погреб.

Возачот ја изгубил контролата врз автобусот додека се приближувал кон кружен тек со голема брзина и удрил во канал, изјави полициски службеник.

Меѓу жртвите има 10 жени, 10 мажи и едно 10-годишно девојче.

Сообраќајните несреќи се чести во Кенија, каде што патиштата често се тесни и во лоша состојба со многу дупки.

Полицијата често ги обвинува возачите за несреќите затоа што возат пребрзо.