Се расправа за ограничување на брзината на германскиот Автобан

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во политичка кампања во Германија пред парламентарните избори, една од темите е и ограничување на брзината на Автобанот, мрежата на автопатишта во таа земја.

На некои делници се вози без ограничување, а некои партии во вовеле ограничување од 130 километри на час.

Меѓутоа од фабриката „Волксваген“, сметаат дека ова прашање е симболично, бидејќи новите автомобили ќе ја решат таа дилема.

„Електричните автомобили се се повеќе распространети. Со нив ќе возите побавно, затоа што ако возите побрзо, батеријата брзо ќе се празни“, сметам Ралф Брандштатер.

Како еден од бенефитите на заговорниците на ограничувањето, го истакнуваат и намалувањето на емисиите на штетни гасови. Меѓутоа дури и ако возите со 150 или 180 со електрични автомобили, тие не емитираат штетни гасови.