Се распушти хрватскиот парламент

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Деветиот состав на хрватскиот парламент Сабор од независноста на земјата, донесе одлука за самораспуштање.

Од потребните 76 гласа, „за“ гласаа 105 пратеници, воздржани беа четири, против осум.

Распуштањето го предложија пет партии од владеачкото мнозинство. Сега на потег е претседателот Зоран Милановиќ кој треба да распише избори.

Парламентарните избори мора да се одржат од 30 до 60 дена, што значи дека последниот рок е 12. јули, а најрано 21. јуни.