Овој дел од Охрид е најфреквентен во текот на летната сезона, но исто така и узурпиран од дивоградби. По извештај на УНЕСКО, се рушат многу објекти кои се наоѓаат до езерото. На овие места имаше тераси и угостителски објекти, дрвени платформи, чамци, но сега поголемиот дел се веќе срушени.
„Со почнувањето на летната сезона, општина Охрид почна со рушење на дивоградбите кои се наоѓаат до Охридско езеро. Тоа следува по препораките на УНЕСКО за рушење на сите нелегални објекти или дивоградби во овој дел“, истакна репортерката на ТВ21.
Угостителите одбија да зборат пред камерата на ТВ21, велејќи дека кога ги гледаат на телевизија веднаш им оди инспекција и им прави проблеми. Тие се револтирани поради тоа што рушењето на објектите се прави селективно, додавајќи дека не се рушат сите објекти до езерото.
Неколку угостители велат дека инвестирале по 40 илјади евра, а сега нивната инвестиција е уништена за еден ден.
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски вели дека ги почитува препораките на УНЕСКО и законите на нашата земја.
Од информациите кои ги добивме, оваа механизација која е паркиран а покрај езерото ќе продолжи со работа и следните денови се додека не бидат срушени сите дивоградби.
