Тинејџерот Андреас Канто од Шпанија, после караница со родителите, шест години копал дупка во дворот на семејната куќа, за да живее во неа. Копал секој ден после училиштето, и успеал да ископа пешера длабока три метри, има греење и „вај-фај“.
Снимката од својот „дом“ ја објавил на социјалните мрежи. Андреас сега има 20 години, и задоволен е од својата работа, но не можел да разбере зошто шест години копал во својот двор.
Караницата со родителите не се нешто што е непознато. Андреас Канто во 2015 година имал 14 години кога родителите му рекле дека не може да излезе надвор со тренерка. Изнервиран почнал да купа дупка, и еве што направил.
