Денеска на свечен начин во Токио, ќе бидат затворени олимписките игри, први одржани во време на пандемија.
Иако беа планирани за минатата година, сепак, беа одложени поради коронавирусот, а се одржаа оваа година со строги протоколи, и без гледачи на трибините.
Затоа, пак, се зголеми гледаноста на малите екрани. Поради временската разлика, натпреварите се одржуваа во утринските часови. Македонија ќе ја памети оваа Олимпијада по сребрениот медал на Дејан Георгиевски во таеквондо.
Ноќеска во 00:00 часот по македонско време се одржа маратонот, а денеска пред да бидат затворени Олимписките игри ќе се одржат неколку неколку натпревари на кои ќе бидат поделени медали, како што се финалето во ватерполо за мажи, финалето ракомет жени, ритмичка гимнастика…
САД се чини ќе ја заврши Олимпијадата како најуспешна селекција.
Следните Олимписки игри ќе се одржат во Париз 2024 година.
