„Се среќавале екс функционери на СДСМ и ДУИ“ – Мицкоски тврди дека не се сретнал со Груевски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека во Будимпешта не се сретнал со поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски. Напротив, вели дека поседува докази дека претставници од поранешната владина коалиција – СДСМ и ДУИ – имаат средби со Груевски.

-Не, не сум се сретнал! Но, доколку се сретнев, ќе бевте информирани, затоа што јас ја водам мојата политика врз принципот дека вистината е најпрецизна. Верувајте, секогаш кога нешто се случува, јас го кажувам, затоа што немам што да кријам, мојата совест е чиста. Но, можам да потврдам, наскоро и со докази, дека голем број претставници од поранешната владина коалиција – СДСМ и ДУИ – се среќаваат во Будимпешта со господинот Никола Груевски, а за жал, тие за тоа не дадоа искрен одговор. Да сум имал средба, јас тоа би го објавил, изјави премиерот Мицкоски.

На посетата во Будимпешта не присуствуваше ниту еден функционер од ВЛЕН. Политичкиот аналитичар Ибрахим Мемети во емисијата „DailyClick“ изјави дека Мицкоски сака да ги држи своите коалициски партнери подалеку од клучните одлуки кога станува збор за геостратешките позиции на државата.

„Ова не ме изненадува, односно непостоењето на претставници од албанските партии, затоа што дури и да беа таму, не верувам дека ќе имаше некаква промена во однос на улогата на Албанците во креирањето на државните политики и насоките во кои државата ќе се движи. Сега гледаме дека се случуваат големи промени во реструктурирањето на курсот што Македонија го следеше последниве 20 години”, изјави Ибрахим Мемети, политички аналитичар.

На прашањето зошто не присуствувале, вицепремиерот Изет Меџити изјави дека бил болен со грип. Министерот Фатмир Лимани рече дека имал исполнета агенда со важни работни обврски во Велес, додека лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, објасни дека во Будимпешта отпатувале министрите кои требало да потпишат проекти и договори.

Запрашан од ТВ21, премиерот Мицкоски рече дека не било потпишано никакво спогодба или меморандум, освен заемот од Унгарија во вредност од 1 милијарда евра.