Се тестира и сопругот на заразената од Гостивар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сега се тестира и сопругот на пациентката од Гостивар која што е позитивна на коронавирус, и е прв случај од овој град. Ова го потврди инфектологот Ратко Наумоски.

Двајцата биле хоспитализирани во болницата, во посебни простории. Ќе бидат чувани во изолација до утре, и ќе се види дали сопругот е позитивен. Потоа ќе се одлучи дали ќе бидат испратени во домашна изолација, или, пак, на Инфективната клиника во Скопје.