Се трага по Гоце Трајковски кој требаше да сведочи за убиството на Вања – бил осомничен за палење на кафуле во Кисела Вода

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Сведокот Гоце е осомничен за друго кривично дело, и тој е недостапен за обвинителството“.

Ова го изјавија од Јавното обвинителство денеска на брифинг на прашање на ТВ21 за убиството на Вања и на Панче. Гоце Трајковски кој требаше да сведочи за исчезнувањето и убивањето на Вања Ѓорчевска, извршил палење на објект во Кисела Вода.

Во однос на сведокот Гоце тој е осомничен и за друго тешко кривично дело и во моментов тој е недостпаен. Осомничен е за палење на обејкт во кој над објектот живеат станари, станува збор за тешко дело, каде две лица соизвршитеи се во притвор. Тоа се случило на на 13-ти ноември и има соопштение за опожарено кафуле во Кисела Вода“, рече Гаврил Бубевски.

Станува збор за ова дело:

ТВ21 дознава дека Гоце Трајковски е во бегство. Исто така дознаваме дека тој при предизвикување на пожарот се самозапалил, но минал само со ситни изгореници.