Се удави двегодишно дете во канал за наводнување во Градско

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Двегодишно дете од Шуто Оризари, синоќа се удавило во канал за наводнување во близината на Градско.

„На 3 септември околу 20.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на место викано Рамниште, атар на село Долно Чичево, Општина Градско, во отворен канал за наводнување било пронајдено удавено двегодишно дете од населбата Шуто Оризари, Скопје. Лекар од Градско констатирал смрт без траги на насилство“, рече Верољуб Додески, портпарол на СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција во Институт за судска медицина -Скопје. Бил извршен увид на местото на настанот, по што ќе биде познато како детето завршило во отворениот канал.