И невакцинираните ќе можат да влегуваат во трговски центри. Граѓаните веќе нема да мора да приложуваат сертификат како доказ дека се вакцинирани. Комисијата за заразни болести препорачува укинување на оваа мерка во објекти каде носењето маски е задолжително.
За поголемо олеснување на мерките, од Комисијата велат дека е потребно да се зголеми стапката на имунизација на населението која во моментов е 41%. Затоа, од денеска стартува кампања со која граѓаните кои спаѓаат во ризични групи преку нивните матични лекари ќе добиваат смс- пораки со закажан датум и време за вакцинација. Станува збор за група граѓани над 65 години кои имаат коморбидитети и помлади од 65 со поголем број коморбидитети.
За укинувањето на оваа мерка ќе треба да се дискутира во Главниот координативен штаб, како и за останатите две мерки кои претходно ги препорача комисијата, а кои предвидуваат сертификатот за лицата кои го прележале вирусот да трае 180 дена и бремените жени да се вратат на работа.