Се урна авион кој пренесувал хуманитарна помош во Јужен Судан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Три лица загинаа денес во авионска несреќа што превезуваше хуманитарна помош во храна за меѓународната добротворна организација „Самарјанин пурс“ во државата Јунити, Јужен Судан, соопшти официјален претставник на добротворната организација.

„Авионот на „Нари Ер“ превезуваше два тона храна од главниот град Џуба за луѓето раселени поради поплавите. Нашиот тим пристигна на местото на несреќата и со длабока тага дознавме дека сите тројца членови на екипажот ги загубија животите“, изјави за Ројтерс заменик-директорот на „Самаријанс Пурс“ во Јужен Судан, Бикрам Раи.

Авионот се урна околу 8 часот наутро по локално време, на околу 20 километри од пистата во округот Лир во богатата со нафта држава Унити, во близина на границата со Судан.