На аеродромот во хрватскиот град Пула, се урна авион. Засега не се познати деталите за несреќата.
Од аеродромот потврдена е веста дека паднал авион, и дека сите екипи се на терен, пренесува Дневник.хр.
Изданието пренесува дека две лица загинале, и најверојатно стаува збор за брачни сопружници. Авионот летал од Пула кон Загреб.
Несреќата се случила кога авионот се урнал на крајот од пистата. Станува збор за мал спортски авион „Пипистрел“. Се претпоставува дека загинатите граѓани се од Германија, со оглед дека авионот имал германска регистрација.
