Се урна авион во Денвер, има загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мал комерцијален авион се урна денес и се запали недалеку од Денвер во американската држава Колорадо, а во несреќата загинаа две лица, објавија американските власти.

„Несреќата се случила јужно од аеродромот „Сентенијал“ и првично беше пријавена експлозија“, изјави Дебора Такахара, портпаролка на канцеларијата на шерифот на округот Даглас, според АП.

Пожарникарите го пронашле авионот „бук БЕ35“ во пламен, а пожарот се заканувал да се прошири на блиската зграда и дизел генераторите.

Пожарникарите успеале да го изгасат оганот.

Фото: Архива