Се урна хеликоптер на швајцарските Алпи, најмалку три лица загинаа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Најмалку три лица загинаа, откако на швајцарските Алпи се урна хеликоптер. Во Хеликоптерот биле четири туристи, водич и пилот, се лизна на падината на планинскиот аеродром Петит Комбин, во швајцарскиот кантон Вале, околу 9:25 часот по локално време.

До несреќата дошло кога туристите со нивниот водич тргнале на „хели-скијање“ (скијачите на врвот на планината доаѓаат со хеликоптер и се пуштаат од него).

Полицијата соопшти дека леталото се лизнало од врвот на планината висока 3.689 метри на северната падина од непознати причини.

Националноста на турирстите не е позната, и не е откривено дали сите три лица кои загинале се туристи.