Се урна хеликоптер во Алјаска – пет лица загинаа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку пет лица загинаа, а едно лице е повредено при уривање на хеликоптер во американската сојузна држава Алјаска, соопштија локалните власти.

Меѓу загинатите е пилотот и четворица патници – еден од Колорадо, двајца од Чешка и двајца од Алјаска.

Меѓу жртвите, наводно, е и Петр Келнер, најбогатиот жител на Чешка, кој го заработи своето богатство продавајќи канцелариски материјали, а потоа купувајќи удел во најголемата осигурителна компанија во земјата, според Форбс. Веб-страницата го смести меѓу 70-те најбогати луѓе во светот во 2020 година, со богатство од 17,5 милијарди долари.

Единствениот преживеан во несреќата е веднаш хоспитализиран во градот Енкориџ со сериозни повреди, но е во стабилна состојба.

Одделот за јавна безбедност на Алјаска соопшти дека спасувачите ги пронашле телата на Келнер и уште четворица: Грегори Хармс (52) од Колорадо, Бенџамин Ларохаикс (50) од Чешка, Шон Мек Манами (38) од Гирдвуд, Алјаска и Зекари Расел, 33, од Енкориџ, кој управувал со хеликоптерот.

Американската Сојузна управа за воздухопловство објави дека засега не се познати причините за уривањето на хеликоптерот.