Се урна индиски борбен авион, загинаа двајцата пилоти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Борбен авион на индиските воздухопловни сили се урна во западната индиска држава Раџастан, објавија денес локалните медиуми.

Инцидентот се случил во округот Чуру, според весникот на англиски јазик „Индијан експрес“.

Се сомнева дека двајца пилоти загинале.

Засега нема официјална изјава за инцидентот. Авионот што се урна најверојатно бил постар модел на „Јагуар“, првично произведен во британско-француска соработка.