Се урна казахстански воен авион

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Воен авион Су-30СМ на казахстанските воздухопловни сили се урна денес во регионот Караганда во централен Казахстан, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана на Казахстан.

„Ловецот Су-30СМ се урна денес за време на планиран тренинг лет во регионот Караганда. Екипажот веднаш се катапултираше. Пилотите се живи и нема закана по нивниот живот или здравје. Тие се под медицински надзор“, се вели во соопштението кое го пренесе казахстанската новинска агенција КазТАГ.

Во соопштението беше потврдено дека областа каде што се урна воениот авион е оградена и дека нема закана за населението или инфраструктурата.