Се урна мал авион во Германија, загина пилотот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мал авион се урна во Долна Саксонија, северна Германија, при што загина пилотот, соопшти полицијата.

Во соопштението се вели дека пилотот бил сам во авионот и дека леталото се урнало во дрвја.

Се нагласува дека причината за несреќата засега е непозната и дека е отворена истрага, објави „Шпигел“.

Освен полицијата, на местото на настанот реагираа и неколку локални противпожарни служби , служби за брза помош и хеликоптер за спасување .