Мал двомоторен авион со две лица се урна вчера во американската сојузна држава Њујорк, соопштија тамошните власти.
Канцеларијата на шерифот на округот Колумбија одговори на повикот вчера околу пладне, изјави заменичката на шерифот Жаклин Салваторе, додавајќи дека во несреќата има и жртви.
Американската федерална управа за авијација (FAA) соопшти дека авионот Mitsubishi MU-2B се движел кон аеродромот во областа Колумбија во близина на Хадсон, но се урнал на 48 километри во близина на градот Копеик.
„Се наоѓа на средина на поле кое е прилично калливо, па пристапот е тежок“, рече Салваторе на прес-конференција.
Националниот одбор за безбедност на транспортот соопшти дека испратил истражен тим на местото на несреќата.
