Се урна мал авион во САД, има загинати!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во близина на аеродромот Пит Гринвил во Северна Каролина, денеска околу 7:50 часот по локално време се урна мал авион приватен, објавија американските медиуми.

Во авионот имало две лица, а властите потврдиле дека во несреќата нема преживеани. Нивниот идентитет сè уште не е објавен.

Федералната управа за авијација (FAA) соопшти дека станува збор за Beechcraft Bonanza.

Истрагата за причините за несреќата е во тек.