Се урна мост во Индија, најмалку шест загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку шест лица загинаа, а 25 беа однесени од вода откако во неделата се урна мост над реката Индрајани во западниот индиски град Пуна, објави Ројтерс, повикувајќи се на индиските медиуми.

Првичните извештаи покажуваат дека се стравува дека 10 до 15 лица се водат како исчезнати под мостот, додека најмалку пет лица се спасени, соопшти полицијата во Пимпри Чинчвад.

Спасувачките екипи на Националните сили за одговор при катастрофи на Индија се на терен и операциите за спасување се во тек.

Ова е најновата во низата сериозни несреќи во Индија во последните неколку дена. Претходно, најмалку 270 лица ги загубија животите во авионска несреќа во Гуџарат, а денес се урна хеликоптер со седум патници, при што сите загинаа.