Четири лица загинаа, а 51 се повредени откако вчера попладне во градот Пуна, во индиската држава Махараштра, се урна мост стар 30 години, поради обилни дождови.
Мостот паднал во реката Индраџани додека речиси 125 туристи се собрале на него за да го гледаат бранувањето на реката, објави „Индија тудеј“.
Локалните медиуми објавија дека мостот бил затворен за сообраќај поради неговата дотраена состојба.
И покрај ова, туристите се собрале во голем број на него, што, заедно со силната водна струја, донело до уривање на мостот.
Почна операција за пребарување и спасување, а екипи на Националната сила за одговор при катастрофи (NDRF), локалната полиција и окружната администрација активно учествуваа во обезбедувањето помош.
