Се урна воен авион во Италија, загинаа пилотите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Двајца припадници на италијанските воздухопловни сили загинаа кога нивниот авион за обука Т-260Б се урна за време на вежба над Националниот парк Чирчео, јужно од Рим, соопштија извори.

Спасувачките екипи ги пронајдоа остатоците од авионот во пламен, заедно со телата на загинатите пилоти, објави Анса.