Авион за обука на јапонските сили за самоодобрана во кој биле две лица, се урнал после полетувањето од воената база во централна Јапонија, соопшти денеска главниот секретар на Владата, Јошимаса Хајаши.
Јапонскиот јавен радиодифузен сервис NHK, повикувајќи се на неколку претставници на Министерството за одбрана, објави дека
во авионот Т-4 имало две лица кога исчезнал од радарот додека летал во близина на градот Инујама.
Кратко по 15 часот По локално време, противпожарната служба добила повик во кој се наведува авионот се урнал во езеро во Инујама, објавија јапонските медиуми. Полицијата излегла на терен и соопштила дека во езерото се гледа некоја дамка која личи на нафта.
Засега нема официјални информации за загинати.
