Голем пожар во депонијата на патот кон село Грушино.
Се гледаат неколку граѓани и пожарникари кои се обидуваат да го изгаснат пожарот.
Но и денеска кога ТВ21 излезе на терен за да ја види состојбата, од депонијата се уште излегуваше чад.
„Оваа депонија која гори се наоѓа веднаш после Арачиново. Некои од жителите кои минуваа од тука ни рекоа дека синоќа околу 20 часот избувнал пожарот“, вели репортерката на ТВ21.
Ниеден од минувачите не сакаше да зборува пред камера но во разговор зад камерата се пожалија дека не можат да дишат од чадот и лошиот мирис што се шират.
Од општина Арачиново велат дека презеле мерки за расчистување на случајот и дека размислуваат за поставување безбедносни камери.
„Екипи на ЈКП Амбиент и општинскиот инспекторат презедоа мерки за локализирање и гаснење на пожарот, но загрижува факот дека нашите сомнежи се дека станува збор за намерно потпалување бидејќи ова не е прв пат, се повторува неколку пати, верувам дека целта е да се нанесе штета на бизнисите кои се во близина на депонијата“, велат од општина Арачиново.
Оваа депонија како и неколку други во оваа зона се палени неколку пати. Двајцата вицепремиери Арбен Фетаи и Изет Меџити во својство на министерот за животна средина, пред неколку дена ги посетија граѓаните на Липково, конкретно селата Никуштак и Арачиново кои се погодени од депонијата. Во рамки на проектот за затворање на дивите депонии во североисточниот регион, а меѓудругото предвидено е затворање на депонијата во Никуштак, Липково и 5 помали депонии, рече Меџити појаснувајќи дека проектот е во фаза на тендер и се очекува да заврши, по што, до крајот на август 2024 ќе биде потпишан договор по што ќе започнат работите на терен.
