Иако се обезбедени средствата за проектот, Булеварот Благој Тоска во Тетово се уште е во иста состојба. Според градоначалникот на Тетово, работите во овој булевар ќе почнат по подобрувањето на временските услови, а додаде дека се уште не се решени прашањата за експропријација.
„Што се однесува до булеварот Благој Тоска, комисијата интензивно работи, има три имоти за кои се обидуваме да најдеме решение и со создавањето на временските услови ќе продолжат градежните работи и Благој Тоска ќе се реализира како што е предвидено со почетниот проект, до текстилното училиште и ќе продолжиме со експропријација до другиот дел кај Мема“, истакна Биљал Касами.
Граѓаните се скептични дека градежните работи наскоро ќе завршат.
„За околу 2.5 години можеби, а сега наскоро не!“
Средствата за овој булевар се обезбедени од Владата и Тав, а на крајот на август проектот го промовираа вицепремиерот Артан Груби и поранешната градоначалничка на Тетово.
Овој проект се ветува во секој изборен циклус, а во 2014 година се зборуваше дека ќе почнат работите, но и ден денес овој булевар се уште не е завршен.