Сè уште не можеме да ја прогласиме короната за умрена, вели Сали

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Беким Сали денеска по новинарско прашање за тоа дали можеме конечно да ја прогласиме короната за „умрена“, изјави дека дека сè уште не може тоа да се каже.

Тој вели дека не знае која од мерките ќе биде олабавена на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести.

„За жал, сè уште не можеме да ја прогласиме короната за умрена. Не знам што ќе одлучи Комисијата денеска. Во ова време додека сме ние тука комисијата заседава и се надевам ќе има мерки по однос на резултати кои што ги добиваме од Институтот за јавно здравје. Искрено, не знам која мерка ќе биде денеска олабавена, но посакувам што побрзо да закрепнеме сите ние, па да може да функционираме нормално“, изјави Сали.