Во месец Септември, требаше да почнат градежните активности за изградба на патиштата во кичевско Другово. Вака изјави градоначалникот Фатмир Дехари во август.
Но состојбата во село Другово, кое се наоѓа 2 километри од градот е иста како пред неколку месеци кога известуваше ТВ21.
Отпадот на влезот на селото е на истото место, а градежните активност се уште не се почнати. Жителите се разочарани од ситуацијата и не реализирањето на ветувањата.
Канализацијата и понатаму продолжува да тече по улиците на селото. Во врска со ова прашање Дехари рече дека издвоил средства за канализацијата но прво граѓаните треба да ги решат имотно правните прашања, за да започне реализацијата на проектот за канализацијата во селото.