„Се наоѓаме во Сарај. Токму на ова место зад мене во 2020 година беше ветено дека ќе се градат социјални станови, но поминаа две години и ова останува само ветување“, вели репортерката на ТВ21.
Поради високата цена на градежните материјали, социјални станови се уште нема во Сарај. Заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи рече дека поради оваа причина е раскинат и договорот на компанијата која склучила договор со Акционерското друштво за стопанисување со социјални и деловни станови.
„Што се однесува до социјалните станови во Сарај, во септември 2020 година е отворена набавка за изградба на социјални станови. Сите правно-имотни пречки беа надминати и во март 2021 година требаше да се избере изведувачот. Но поради кризата која ја зафати државата и поскапувањето на пазарните цени на градежните материјали, на изведувачот со негова согласност му беше откажан договорот и сме во нова фаза на набавка поради овие пречки што ги наведов“, порача Беким Реџепи.
Дури и од Акционерското здружение за стопанисување со социјално и деловно домување, велат дека појавата на зголемен обем на работа, како и поскапувањето во изминатиот период, донеле непредвидени околности со кои договорот за реализација е прекинат. Но, оттаму додаваат дека по новата набавка ќе почнат градба.
„По спроведување на набавката и избор на изведувач, имајќи ги во предвид законските рокови, почеток на изградбата планирано е да се случи најдоцна до мај 2023 година. Планирано е објектот да се изгради во период од 18 месеци. Објкектот ќе содржи 59 станови кои ќе бидат распределени на лица во социјален ризик и други ранливи групи“, велат од Акционерското здружение за управување со социјално домување.
За проектот за социјални станови Владата издвои 25 милиони евра и 25 милиони евра од Централна Европска банка. Освен тоа Беким Реџепи апелираше до сите општина да најдат простор за да аплицираат до акционерското друштво за изградба и на други станови во разни општини.