Се уште нема разултати од пописот, по Македонците и Албанците, следат Бугарите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи синоќа во Клик Плус зборуваше и за пописот на населението. Според него, врз основа н а информациите што ги поседува, третата најголема етничка заедница во РСМ ќе бидат Бугарите.

„Колку што сум јас информиран, ми се чини дека во Македонија, народ со најмногу граѓани ќе бидат Македонците, втори ќе бидат Албанците а трети Бугарите“, вели Тачи.
Меѓутоа ДЗС се уште не излегол со конечни резултати. Директорот Апостол Симовски пред неколку недели во изјава за ТВ21 рече дека додека не заврши до крај фазата на обработка на податоците, не може да зборува за бројки.


Симовски рече дека обработката на податоците се одвива според планот, а тоа што се знае до сега како официјален податок е дека во земјава се попишале вкупно 1.832.696 граѓани, 873.255 живеалишта, 568.175 домаќинства и 534.503 згради. Во дијаспората се попишале 204.850 лица. Пописот траеше 26 дена. Започна на 5-ти а заврши на 30 септември.