Се закопуваат угинати свињи во Речица – жителите против, велат дека не се почитуваат заштитените мерки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бидејќи стравуваат за своето здравје, жителите од кумановското село Речица не дозволуваат угинатите свињи од африканска чума да се закопуваат во близина на нивните домови. Освен што угинатите свињи им ги носат пред куќите од село што се наоѓа на другата страна на градот, речанци велат дека не се испочитувани ниту заштитните мерки.

Поради недоразбирања синоќа ситуацијата стигнала до таму да мора да интервенира полицијата, по што се уапсени 4 лица кои ја нападнале полицијата, од кои двајца се повредени. Но, од друга страна жителите тврдат дека биле нападнати.

Локацијата на која се закопани свињите е во близина на спортскиот аеродром Аџитепе, на само неколку километри од центарот на Куманово.

„Ова е патот кај кумановското село Речица што води до јамите ископани  за свињите кои угинаа од африканската чума“, вели репортерката на ТВ21.

Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека закопувањето на свињите се врши на локацијата што ја определува локалната самоуправа. Општинскиот штаб за заштита и спасување вчера одржа состанок на кој дојде до заклучок дека Агенцијата за ветеринарство треба да обезбеди заштитни мерки, јавните претпријатија да дадат логистичка поддршка, Министерството за внатрешни работи Куманово да помогне во процесот. Преку службите мора да ги утврдат новите места за закопување.

Инаку, состојбата со африканската чума во Куманово е стабилна.