Се запали камион во струмичко, реагираа пожарникарите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожарникарите во Струмица мораа да реагираат откако се запали камион. Со 1 возило и четири пожарникари интервенирала противпожарната бригада.

„Денес 13.06.2021 година во 12.10 часот во село Старо Балдовци, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 4 пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на запалено товарно моторно возило марка Застава. Пожарот е локализиран и ликвидиран за кратко време.“, се вели во објавата на струмичките пожарникари.