Се запали куќа во Битола.
Според информациите од репортерот на ТВ21, на терен се излезени служби на ЕВН, како и две противпожарни возила со неколку пожарникари кои го гаснат пожарот кој се уште е активен.

Засега не се знае дали има повредени, но според информации кога избил пожарот, на долниот спрат имало луѓе кои набрзо биле извлечени.

Сите соседи во моментов се надвор поради страв од проширување на пожарот.



