Се зголемува бројот на туристи во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Покрај статистиките кои покажуваат дека бројот на туристи во Македонија е зголемен, јасно се гледа дека тие го исполниле и главниот град. Да ги прашаме и да видиме зошто избрале токму да дојдат овде, во Скопје?!“ – вели новинарката на ТВ21, Фазиле Халили.

„Беше случајно, затоа што дојдов во Албанија, втор пат бев во Албанија и одлучив да дојдам тука. Местото е убаво, но транспортот е лош, патувањето е долго, но се надевам дека ќе имаме директен лет од Израел и дека ќе доаѓам многу пати“, изјави турист од Израел.

„Бевме во Албанија пред да дојдеме тука“, изјави турист од Америка.

„Слушнав за Скопје, Скопје е 106-тата земја што ја посетив“, изјави турист од Германија.

„Почеток е на мај, одлучивме да дојдеме и за првпат да го видиме градот“, изјави туристка од Босна.

„Само поминувавме“, изјави туристка.

Туристите велат дека им се допаѓа земјата и гостопримството на луѓето, а една од главните причини зошто ја избираат е пониската цена во споредба со други држави. Во Скопје најчесто шетаат и го посетуваат Кањонот Матка.

„Само за задоволство, бев во кањонот, но не сум многу млад, над 70 години сум, па не барам планинарење, поминувам време, гледам луѓе“, вели туристот од Израел.

„Го сакам ова место, луѓето се многу добри“, изјави туристот од Америка.

„Многу добро, многу љубезни луѓе, убави згради, ми се допаѓаат статуите. Бев вчера во Љубљана, тука е поевтино“, рече туристот од Германија.

„Тукушто пристигнавме, засега е многу, многу добро.

Прашање: Дали посетувате други градови во Северна Македонија?

-Бевме во Охрид, два дена, навистина е многу убав!“ – вели туристката од Босна.

„Бевме во музеј овде.

Прашање: Дали сте посетиле и други градови во Македонија?

Да, бевме во Охрид“, изјави друга туристка.

Според Државниот завод за статистика, во периодот јануари–февруари 2026 година, во споредба со истиот период лани, вкупниот број туристи се зголемил за 6,0%. Бројот на домашни туристи пораснал за 5,1%, а странските туристи за 6,5%.

Земјите од кои во февруари 2026 година пристигнале најмногу странски туристи се Турција со 5.011 туристи, Грција со 3.523 туристи, а потоа следуваат Србија и Германија.